И за Македонија и за Чешка денешниот дуел е битка за третото место во групата „Ц“, но и битка за да се побегне од Италија како ривал во осминафиналето. По сите досегашни настапи, Чешка е благ фаворит, но во пресрет на денешниот дуел и одбојкарите на нашиот ривал се свесни за тежината на дуелот кој ги очекува.
„Против Македонија очекуваме да дојде полна сала со гледачи кои овде создаваат многу бурна атмосфера за домашните. Немаме друг избор освен да го добиеме натпреварот, бидејќи во игра е и местото зао пласман. Тоа значи дека ако загубиме од противници кои се под нас, ќе загубиме бодови. Затоа треба да ги победиме овие натпревари. Се надевам дека можеме да го добиеме мечот и да играме со вториот од другата група“, изјави примачот на чешката репрезентација, Лукас Вашина.
Средбата почнува во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Судии на дуелот ќе бидат Рикардо Фереира од Португалија и Александер Шикањиќ од Лихтенштајн.