Македонската фудбалска репрезентација до 18 години го одработи првиот тренинг на стадионот во Јончепинг, Шведска каде што ќе се одигра натпреварот со домашниот национален тим во рамките на квалификациите за Европското младинско првенство. Тоа е прв меч за нашите национали во групата Ц во која се уште Молдавија, Грузија, Холандија и Гибралтар.
Швеѓаните веќе одиграа еден меч и победија на гостувањето во Гибралтар со 5:0.
Македонскиот тим го почувствува теренот на стадионот во Јончепинг и порачаа: „Добри сме, супер сме. Спремни да го дадеме максимумот за позитивен старт на квалификациите за ЕП“.
Мечот се игра во петок со почеток од 18:00 часот, а четири дена подоцна младите национали ќе играат дома со Холандија.