Алкараз и повреден го декласираше Зверев за полуфинале на УС Опен

965

Карлос Алкараз, најдобриот тенисер и актуелен освојувач на УС Опен и покрај повредата на бутот, сепак успеа да дојде до убедлива победа против Александер Зверев и да се пласира во полуфиналето.

Шпанскиот тенисер беше подобар со 6:3, 6:2, 6:4, во битката за место во финалето за противник ќе го има 12. играч во светот, Данил Медведев.

Зверев очигледно беше исцрпен од маратонот со Синер. Тој играше одлично во првите шест натпревари, но потоа се затвори и Алкараз брзо имаше огромна предност во два сета. Германецот се разбуди во третиот сет што му донесе две брејк топки, но не ги искористи.

„Играм за себе и за тимот, но се обидувам да им пружам задоволство и на оние кои доаѓаат да гледаат тенис. Затоа пробувам различни шутеви на кои тие не се навикнати да ги гледаат често“, изјави Алкараз и потоа зборуваше за можен дуел со Новак во финалето.„Сега тој дуел е многу поблиску. Би било феноменално, но прво ни претстојат тешки полуфиналиња. Ќе видиме, но и двајцата го сакаме тоа финале“, рече Алкараз.
ПретходноФил Џонс се врати во Манчестер Јунајтед
СледноМедведев бесен: Кога ќе умре некој играч – тогаш ќе видат!