По неколкумесечни преговори и разни понуди, Серхио Рамос успеа да се врати во Севиља која не ја напушти најдобро пред 18 години, но дојде да ги исправи грешките. Синоќа официјално беше претставен пред 23.000 гледачи, до последната секунда се плашеше како ќе го пречекаат, а потоа не можеше да ги сопре солзите.
Рамос истрча на стадионот „Рамон Снчез Пизхуан“ со дресот број четири. За време на својот говор доби огромни овации, па беше тешко да ги контролира емоции.
Sergio Ramos, in tears in front of Sevilla fans — back home 🏡🔴⚪️
🎥 @relevo @alonsoriveror pic.twitter.com/Cer1LLhnke
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 6, 2023
„Посебен и емотивен ден за мене. Многу години поминаа, но се чувствувам исто како од денот кога дебитирав тука. Се чувствувам сакано и покрај се, и јас ви благодарам. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми овозможија повторно да бидам во овој дрес. Ги славев сите титули на клубот од странство, и ова е еден од најголемите тимови во Европа. Јас сум навивач на Севиља цел живот, и дојдов да се борам за овој дрес“, рече Рамос.
❤️ Sevillistas, con todos vosotros: 𝑺𝑬𝑹𝑮𝑰𝑶 𝑹𝑨𝑴𝑶𝑺 🎤 🏟️
👏🏼 👏🏼 👏🏼 pic.twitter.com/OLDUkhm2PZ
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) September 6, 2023