Брера Струмица потврди, Велиновски заминува во Сумгаит

322

Кристијан Велиновски и официјално ќе замине од Брера Струмица и ќе се пресели во прволигашот од Азербеиџан, Сумгаит.

Трансферот вреден 100.000 евра е комплетиран на стартот на оваа сезона, со важечки договор за Велиновски е еден од најголемите на Брера Струмица од основањето.

Кристијан Велиновски во ,,АП Брера Струмица“ дојде на 16 годишна возраст во младинскиот погон. Контуинирано напредуваше со својата игра и од 1 јануари 2018 премина во сениорскиот состав. По одиграна една полусезона беше даден на заем во Брегалница на една година. Велиновски кој беше стандарден првотимец, за шестте натпреварувачки сезони во Првата лига во дресот на Академијата сега „АП Брера Струмица“ има одиграно 113 првенствени и КУП натпревари при што постигна 15 гола а имаше и 14 асистенции.

ПретходноАдеми е нервозен: Кинезите прават поблем, имаат дополнителни услови за неговото враќање во Динамо!
СледноИскусниот Велковски и младиот Глигоров за уште посилна Брегалница! (ФОТО)