Денеска и официјално стартува новата сезона во Супер-лигата. Честа да ја отворат им припадна на македонскиот вицепрвак Алкалоид и Скопје, дуелот е закажан во 19 часот во салата „Автокоманда“.
Избраниците на Кирил Лазаров се фаворит во оваа пресметка, бидејќи во оваа сезона покрај домашните обврски ќе бидат единствениот македонски претставник во групната фаза во Европската лига. За разлика од лани, составот доби на мало освежување. Нови играчи се десниот бек, Мартин Велковски, Стефан Стојчевиќ, кој игра на пикерската позиција, како и двајцата интернационалци Арно Бинго (лево крило) и голманот Алехандро Ромеро.
Алкалоид и Скопје се во групата А во која се наоѓаат уште Пелистер 2, Тиквеш, Куманово, Охрид, Струга и Аеродром.
Останатите средби во двете групи во Супер-лигата на програма се веќе од уре:
Група А
09.09. Струга – Охрид
09.09. Куманово – Аердром
10.09. Тиквеш – Пелистер
Група Б
09.09. Мулти Есенс – Голден Арт
09.09. Пролет – Вардар Н.
10.09. Прилеп – Бутел Скопје