Данецот на листата на најбогати на Форбс

496

Можеби не изгледа на прв поглед така, но верувале или не, Мартин Бреитвајт, репрезентативецот на Данска, и во моментов играч на Барселона е еден од најбогатите спортисти на светот.

Тој се најде на последната листа на најбогати на Форбс, со вредност од 250 милиони евра. Од каде ова богатство на Данецот, ако се знае дека неговата плата во моментов во Барселона иснезува 4 милиони по сезона.

Тој рано се зафатил со инвестирање во недвижности во САД. Вложил во бизнисот на негов роднина. Купувал недвижности, ја зголемувал нивната вредност со реновирање, а потоа ги продавал.

Освен тоа, тој и неговата сопруга се сопственици на модниот бренд „Trente“, а Бреитвајт поседува и ресторан токму во Барселона.

„Првата куќа ја купив во Франција за 850.000 евра. Од таму почна се. Мојата фудбалска кариера нема вечно да трае и јас тоа го знам уште од најрана возраст“ – изјави Данецот.

 

ПретходноШкупи чека „Европска“ победа повеќе од две децении
СледноСаутгејт: Горд сум на моите играчи