Легендарниот тркач на долги патеки, Британецот Мо Фара, денеска и официјално замина во пензија, откако ја истрча својата последна трка. Големата северна трка во Њукасл беше последниот полумаратон во неговата кариера.
40-годишниот Мо најави дека ќе ја заврши кариерата претходно оваа година и во својот последен настап денеска заврши четврти во машка конкуренција. Тој ја заврши патеката за еден час, три минути и 28 секунди, а Етопиецот Тамират Тола го освои првото место, завршувајќи со време од 59 минути и 58 секунди.
Трката ја спушти завесата на блескавата кариера за Фара, кој во пензија оди со четири олимписки златни медали и шест титули од светските првенства.