Пешевски: Беа подобри од нас! Ние сме нови во ЛШ, ни треба поддршка и понатаму!

110

Пелистер со пораз од девет гола разлика ја почна сезоната во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на домашен терен беше поразен од Колстад со 22-31. Избраниците на тандемот Јовиќ и Шундовски беа немоќни пред норвешкиот состав, кој пак мечот го реши по само една серија од 7-0 на стартот на мечот.

„Честитки за екипата на Колштад која одигра одличен натпревар. Беа подобар од тим од нас. Ние направивме многу грешки. Ние сме нови во ова натпреварување и ќе бидеме подобри и мора да бидеме подобри. Ни треба поддршка од сите, голема благодарност до сите кои беа во салата и мислам дека само така ќе го најдеме вистинскиот пат за понатамошниот дел од сезоната“, изјави капитенот, Жарко Пешевски. 

„Мислам дека лошо го отворивме натпреварот. Имавме голема желба, бевме борбени, но мислам дека не заслуживме пораз од девет разлика. Тоа се базира на многу промашени зицери и мислам дека направивме многу грешки. Овој натпревар треба да биде поука за понатаму и едно големо искуство“, изјави Александар Јовиќ. 

ПретходноМаестрална партија на Хансен во кам-бекот, Кјелце без одговор
СледноХимната на Англија не се слушаше во Глазгов (ВИДЕО)