Од денеска Хајдук е посилен за Александар Трајковски, за македонскиот репрезентативец. Дека Алекс ќе биде голема ѕвезда во Сплит говорат и реакциите на социјалнит мрежи на фановите на Хајдук. Тие се воодушевени од доаѓањето на Македонецот.
Па еве само дел од нивните коментари:
-10 голови и 10 асистенции до крајот на сезоната и јас би бил задоволен
-Добредојде Александар во најдобриот клуб во Хрватска
-Добредојде во институцијата – Хајдук
-Покрај сите Македонци кои го носеле дресот на Хајдук, според мое мислење најдобар беше Драги Сетинов. Но сега е тука репрезентативецот на нашата драга Македонија со речиси 100 настапи за својата земја. Затоа со право очекуваме да биде запаметен и Алекс со своите настапи за Хајдук
-Среќно, добар играч. Динамо повторно го активираше татко Мамиќ и мајмунот Мариќ. Паника како во деведесетите, сега мочвара мора да падне. Сега или никогаш.
-Добредојде момче Македонче
-Добре ни дојде во хајдучката фамилија
-Разбудете го уште Перишиќ и тоа е тоа…