Гостивар ќе менува пак, ама овојпат тренер и спортски директор

1345

Дека не е само моментот на парите во еден клуб, туку треба да се знае и како истите да се искористат, класичен пример за тоа е новиот прволигаш Гостивар. Тимот кој донесе не еден, туку два тима во овој преоден рок, има голем проблем на играчки и резултатски план, па кога веќе не може да носи нови фудбалери иако тоа очигледно во Гостивар не би било проблем, управата се решава да го менува тренерот и спортскиот директор.

Информациите од Гостивар се дека, Мурат Дабан досегашниот тренер, како и првиот оперативец, спортскиот директор, Абдула Егилмез повеќе не се дел од клубот. Причината нормално се слабите игри и резултати, а за нови имиња допрва ќе се преговара. Сепак, додека да дојде до тоа, мечевите не чекаат па на утрешниот куп натпревар против Беласица, во улога на играч тренер ќе биде скапо платениот Алпер Потук.

 

ПретходноВаучер системот во спортот веќе не постои
СледноЈоаким Лев нов селектор, Месут Озил прв човек на фудбалот во Турција!?