Добри вести за „росонерите“: Повредата на Мањан не е сериозна

121

Голманот на Милан, Мајк Мањан се спаси од посериозна повреда на вчерашниот меч со Њукасл.

Во 79. минута од натпреварот во Лигата на шампионите одигран вчера, голманот на „росонерите“ седна на тревникот и му даде до знаење на тренерот дека не може да ја продолжи средбата. Наместо него на теренот влезе Марко Спортиело.

Според новинарот Даниеле Лонго, Мањан претрпел истегнување на мускулот на левата бутина. Магнетната резонанца не открила посериозни повреди кај играчот. Тоа значи дека Пиоли ќе може да смета на него во скоро време.

ПретходноКуп – 1/16 финале: Вардар преку пенал – рулетот до триумф над Беса, Воска броеше до 10, Шкупи и Брегалница до 8…
СледноТешките денови се минато, Костадинов се враќа на терените