Легендарниот Италијанец ќе ја предводи Турција

322

Фудбалската федерација на Турција брзо најде решение за местото на Штефан Кунц кој доби отказ од селекторската функција. Италијанецот Виченцо Монтела во иднина ќе ја води најдобрата репрезентација на оваа земја.

Легендарниот напаѓач на Сампдорија и Рома потпиша тригодишен договор со турскиот фудбалски сојуз и планот е да остане на клупата до крајот на Мундијалот во 2026. Последната работа на Монтела беше во турска Адана.

Турција ќе игра на гости кај Хрватска во следното коло од квалификациите за Европското првенство на 12 октомври.

Италијанецот покрај Адана ги има водено Сампдорија, Милан, Фиорентина и Севиља.

Турција се наоѓа на второто место на табелата во групата Д, има 10 бода исто колку и Хрватска, зад нив се Ерменија, Велс и Летонија.

Фото: Инстаграм/Монтела

ПретходноМекиќ и Задар шестти во Супер-Купот на АБА!
СледноАшаданов: Против Португалија на гости ќе ја бараме првата победа