Познати се судиите за шесте натпревари од 8.коло во ПМФЛ, кои се играат во недела со почеток од 15 часот. Стојанче Стојанов ќе им суди на Вардар и Гостивар, меч кој се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје. Во Кавадарци се игра “Дербито на Истокот“ во кое се среќаваа Тиквеш и Брегалница, на овој меч главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 8.КОЛО – НЕДЕЛА (15 Ч)
Вардар – Гостивар: Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Македонија ЃП: Влатко Илиоски (Прилеп)
Брера Струмица – Силекс: Јован Качевски (Струга)
Воска – Шкупи: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Струга ТЛ – Работнички: Марјан Стојановски (Кичево)
Тиквеш – Брегалница: Марјан Младеновски (Скопје)