Загина поранешна олимписка шампионка – полицијата објави дека паднала од 17-ти кат

493

Бразилските медиуми, повикувајќи се на полициски извештај, објавија дека одбојкарката Валевска загинала откако паднала од 17.кат на зграда во Сао Пауло. Валевска Оливеира починала во четврток на возраст од 43 години, објави Одбојкарската конфедерација на Бразил.

Локалните медиуми соопштуваат дека полицијата пронашла шише со вино и проштално писмо поради што истражува дали се работи за самоубиство.

Таа беше дел од екипата која на Олимписките игри во Пекинг 2008 година освои златен медал.

Освен злато од Пекинг, таа освоила и бронза на ОИ во Сиднеј 2000, додека во Атина 2004 година со Бразил заврши на четвртото место. Таа била активна одбојкарка се до минатата година.

 

ПретходноAл Наср го доби дербито со Ал Ахли, Роналдо постигна два гола и имаше „епско“ промашување
СледноШтутгарт го совлада „фенерџијата“ за четврта победа во Бундес лигата