Рафаел Надал нема право да настапува на ОИ во Париз?

172

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал неодамна изјави дека 2024 година ќе биде последна година во која ќе се натпреварува. Во својата богата кариера тој освои 22 Грен слем титули, а неговата најголема желба е да настапува ОИ во Париз.

Но, за да го оствари ова ќе мора да најде начин како да го заобиколи правилото на ИТФ, кое вели дека еден тенисер ќе може да настапи за својата земја само доколку во последните две години играл на Дејвис Купот. Надал не настапуваше на Дејвис Купот, па токму затоа не би смеел да настапи на ОИ.

Сепак постои надеж. Роџер Федерер се најде во иста ситуација пред ОИ, со помош на швајцарската тениска федерација, успеа да се избори за настап во Токио.

ПретходноПелистер во турбо ритам пред Кил!
СледноСУПЕР-КУП 2023: МЗТ Скопје со една и единствена цел против Феникс