По убедливиот пораз на домашен терен од Алкалоид, ракометарите на ГРК експресно им се вратија на победите. До вториот триумф оваа сезона дојдоа откако на гостувањето кај Куманово славеа со 20-35.
Избраниците на Стевче Алушовски ја искористија својата доминација во однос на противникот и уште по првото полувреме имаа убедлива предност и тоа од 10-19, која пак беше доволна за нови мирни 30 минути.
Домаќинот својата прва радост ќе мора да ја бара на следните средби, ова беше трет пораз во низа во новата сезона.
Ѓорѓески имаше девет одбрани, Стоилевски и Шипинкоски постигнаа по пет гола кај победникот.