Рекордер – За 39 дена променил четири клубови

212

Фудбалерот Амр Варда е хит на преодниот рок затоа што за 39 дена промени четири клубови. На египетскиот фудбалер му стана навика да ги менува клубовите, а се почнало со истекувањето на договор со Аполон од Лимасол.

На 11 август тој бил претставен како нов играч на Ража Казабланка, еден од најпопуларните клубови во Африка. Во мароканскиот тим Варда се задржал само две недели, пропуштил неколку тренинзи наведувајќи дека причината се „лични и ментални проблеми“. Амр го раскинал договорот и морал да плати пари за предвреме раскин.

Тој требало да се врати на Кипар и да потпише за Докса од Катокопија. Но наместо тоа тој завршил во болница со изговор дека имал „напад на паника“. Клубот од Кипар немал намера да чека и објавил дека нема да потпише договор со фудбалерот. Но потоа…

По овој „инцидент“ Варда добил повик од Естеглал од Техеран. Се било договорено, играчот само требало да стави потпис. Неговиот менаџер кој воедно е и претседател на Докса, Костас Христодулу сакал преку фудбалерот бргу да заработи пари. Од Естегал очекувале слободен трансфер, но…
„Дознавме дека планот на првиот човек на Докса бил да го плати Варда 140.000 евра, а потоа  да ни го продаде за 250.000 евра и со тоа бргу да оствари профит“, изјавил помошниот тренер на иранскиот клуб Али Хатира.

На 9 септември Варда потпишува за Фарко во првенството на Египет.

Инаку Варда има 30 настапи за репрезентацијата учествуваше на СП во Русија и на два турнири од Купот на африканските нации.

ПретходноЏирона ја „растури“ Мајорка и врза пет победи по ред
СледноВМФЛ: Беса го “реши“ Кожув и повторно е лидер, Марио Станковски го урна Детонит, инцидент во Куманово! (ВИДЕО)