Џирона ја „растури“ Мајорка и врза пет победи по ред

67

Екипата на Џирона имаше маестрален настап во дуелот со Мајорка и прокнижи нови три бода во Ла Лига. И покрај тоа што губеше уште во 4.минута, сепак, каталонската екипа стигна до победа од 5:3. На полувреме беше 4:1 со головите на Лопез, Довбјук, Мартин и Херера, а во второто Савио даде гол за 5:1. Во финишот гостите само го ублажија поразот.
Џирона има 16 бода во 6.кола, односно пет победи по ред и едно реми, гол разлика од 16:7 односно повеќе голови од сите други екипи по некомплетно 6.коло. Мајорка е на 15. место.

ПретходноАртета пред дербито со Тотенхем: Ова е најважниот меч за Арсенал во сезоната
СледноРекордер – За 39 дена променил четири клубови