Прилеп со фуриозна серија го реши Вардар Неготино

34

Прилеп го доби дуелот против Вардар Неготино со убедливи 30-22 за втор триумф оваа сезона. Домашниот тим со серија од 8-1 во моментите кога се „кршеше“ мечот успеа да го реши жилавиот противник.

Ова беше доста интересен натпревар. Прилепчани отворија со 6-2, но гостите брзо одговорија на оваа серија, дојдоа на 6-5 и најавија израмнета битка, на одморот беше 14-14.

Во второто полувреме, Прилеп на момент имаше плус два, но гостите брзо израмнуваа се до важните минути кога паднаа целосно и му дозволија на противникот да дојде до убедлива победа.

Шабановиќ имаше седум гола, еден помалку запиша Рајатовски кај победникот. На другата страна Адамовиќ со 11 гола беше прв стрелец на мечот.

ПретходноСасуоло го “тресна“ Јуве, гостите си дадоа невиден автогол во 90+5.минута! (ВИДЕО)
СледноТалески со два гола за победа на Бенфика, триумф и на Митревски