Спектакуларен пресврт: Барса за 8 минути постигна три гола и ја победи Селта (ВИДЕО)

359

Шпанскиот шампион Барселона беше на работ на бездната на дуелот со Селта на домашен терен вечерва, но со спектакуларен пресврт и три гола за само 8 минути на крајот стигна до очекувана победа пред своите навивачи. Каталонците вечерва на мечот со тимот од Виго беа во негатива од 0:2 до 81. минута, кога почна шоуто на Левендовски кој го најави големиот пресврт.

Селта дојде до предност во 19. минута кога Ларсен погоди за 0:1. Иако Барса доминираше, во вториот дел повторно први погодија гостите. Во 76. минута, по брза акција, Аспас проигра за Дувикас, кој излезе сам пред Тер-Штеген и ја погоди подалечната статива за 0:2.

Барса успеа да се врати во мечот по пет минути, кога Феликс прекрасно асостираше за Левандовски кој го лобуваше голманот и намали на 1:2. Домашните тргнаа во тотална офанзива, а на крајот од 85. минута Левандовски повторно погоди сега за 2:2. Тоа беше само навестување за целосно лудило на „Монжуик“. Гави во 89. минута од левата страна го проигра Кансело, кој се уфрли од втор план и погоди за 3:2.

ПретходноЕвертон ја прослави првата победа во новата сезона (ВИДЕО)
СледноМладинска репрезентативка на Украина е ново засилување за Наковски волеј