Македонскиот интернационалец Сефер Емини постигна еден од погодоците за дански Сондериске во новата победа на данскиот второлигаш во тамошното првенство. Денеска Сондерјиске во чии редови стартери беа двајца наши интернационалци, Емини и Николов, славеше со 4:3 на гостувањето кај Хелсингор обезбедувајќи нова победа за искачување на 2. место на табелата.
Емини погоди во 6. минута од мечот за водство на гостите од 1:0 со што го најави атакот на нови три бода. Ова беше трет негов гол сезонава.
Николов, кој досега има два гола оваа сезона во дресот на Сондерјиске, беше стартер но беше заменет во 70. минута.
Кај домашните пак погоди Ферхан Хасани.