Екипата на Севиља на свој терен предмалку во рамките од последниот дуел од викенд колото во Примера шампионатот успеа да слави со убедливи и сосема заслужени 5:1 против екипата на Алмерија.
Во меч во кој домаќинот тотално доминираше, публиката уживаше во прекрасна фудбалска претстава уште од првата минута. Ен Несири погоди за 1:0 во седмата минута, а само шеесетина секунди потоа Лукебакио зголеми на 2:0. До полувреме веќе беше 3:0 со голот на Сусо.
Ламела на стартот на вториот дел веќе зголеми на 4:0, Суарез намали од пенал, а Салас во последните секунди од мечот ги постави конечните 5:1.