Без голови се замина на пауза од мечот меѓу Воска и Струга ТЛ, инаку меч од 4.коло кое тогаш не се одира поради европските настапи на шампионот.
Силниот ветар не дозволува убава игра на “Езерското дерби“ на СРЦ „Билјанини Извори“. Се игра борбено од двете страни, Струга ТЛ ја имаше благата иницијатива, но домашниот состав пружи силен отпор, имаше и неколку закани, но сепак без некоја поголема опасност по двата гола. Па така на пауза се замина со почетните 0:0.
Интересно е тоа што на голот на Воска е Мустафа, Велии по големиот кикс во неделата против Шкупи не е прва опција на тренеро Радовиќ.