Дека Сплити фановите на “Билите“ се “луди“ по Хајдук тоа одамна го знаеме.Но она шо вечерва го објави тимот каде што игра и нашиот Александар Трајковски се граничи со лудило.И со право, Хајдук е симболот на Сплит и симболот на Далмација.
Целта е да се достигне до бројката од 112.000 членови по повод 112 годишнината од постоењето.
Оваа бројка е импресивна ако се знае дека за секоја членска карта се наплаќа по 20 евра, што е супер приход. А плус и сезонските билети кои Хајдук ги има продадено во бројка од 20.000.
Овие 100.000 членски карти и тоа како значат и во Европа, ретки се клубовите кои имаат повеќе од Хајдук, се разбира ако ги тргнеме на страна оние гигантите. За Балканот не треба да се говори кој е “главен“.
Ова нека биде лекција за сите наши клубови, засите наши фанови кои толку го “сакаат“ својот омилен клуб како се манифестира љубовта кон својот омилен клуб.
А во недела спектакл. Хајдук против Динамо Загреб, стадионот “Пољуд“ веќе е распродаден, “пламнаа“ сите 33.000 билети.
Еве, вака се сака својот клуб…