Македонскиот боксер Ален Рустемовски освои бронзен медал на Балканското првенство во Албена, Бугарија. Иако сите очекуваа победа во полуфиналето, Рустемовски не успеа да направи уште еден чекор до големото финале, само поради судиската одлука. Имено судиите на дуелот со Украинецот Аидер Абдураиомов пресудија во полза на противникот со 3-2.
На Балканското првенство свои настапи ќе имаат и Дион Лена, Илхан Озмен и и Арјан Исени, кои веќе се во полуфиналето во своите категории.