Рајковиќ и ЦСКА победнички ја отворија сезоната во ВТБ лигата

106

ЦСКА Москва ја оправда улогата на фаворит и славеше победа во дуелот со МБА Москва со 76-72 во меч од 1.коло на ВТБ лигата. „Армејците“ имаа предност од 45:33 по првото полувреме, но во второто полувреме малку забавија посебно лошо одиграа во последната четвртина која ја загубија со 14:20. Сепак, убавата предност што ја стекнаа претходно им помогна да ја запишат првата победа сезонава.
Да потсетиме ЦСКА не успеа да стигне до трофејот во Суперкупт на ВТБ лигата по пораз уште на првиот меч од турнирот, а во разигрувањето го освои седмото место. Во наредното коло на 3 октомври ЦСКА ќе игра со Енисеј.

Претходно Ненад Димитријевиќ со својот УНИКС го совладаа Локомотив Кубан, а нашиот кошаркар беше најефикасен на мечот со 22 поени.

ПретходноПМФЛ: “Лавовите“ ја “решија“ Брера Струмица, струмичани и дефинитивно се во криза! (ФОТО)
СледноВМФЛ: Беса сигурна во Струга, Детонит со “седумка“ за Башкими, Тетекс славенички во Гевгелија, Пелистер едвај во Неготино