Каква фудбалска средина е Олимпик Марсеј, очигледно дека единствен тренер кој што може да ја издржи таа асмосфера е Џенаро Гатузо. Откако неговиот претходник Марселињо Гарсија Торал од таму избега што се вели „бос и гол“ со оглед на смртните закани кои ги имаше од страна на навивачите, Гатузо очигледно е едиснтвениот кој што во моментов се нафаќа за ова работно место.
Тој не би бил тоа што е, ако не ужива во сето ова, и веднаш не ги применил неговите стандардни методи на работа.
„Новиот тренер Џенаро Гатузо воопшто не се двоуми да „залепи“ некоја шлаканица на тренингот. Само за да даде дополнителен мотив и инспирација за што силна работа. На тој начин тој им честита на играчите за добро ордаботената задача и верувајте, играчите уживаат во тоа“ – пишува денешен Л’Екип.