Талески ја наполни мрежата Виторија

439

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески одигра одличен меч во дресот на Бенфика. Неговиот нов тим славеше против Виторија со убедливи 35-19, а Талески беше маестрален.

Македонскиот репрезентативец постигна седум гола од девет обиди. Ова беше четврта победа за Бенфика, а има уште едно реми и пораз во португалскиот шампионат.

Победа запиша и Порто на Никола Митревски, славеше против Аванса со 28-35. Во следното коло тимот на македонскиот репрезентативен голман ќе игра против Бенфика.

ПретходноПМФЛ: Шампионот оди на победа во супер – дербито на Чаир, Силекс ја дочекува Воска, Работнички против забревтаниот Тиквеш!
СледноБаерн го враќа Жером Боатенг во клубот