Александар Васоски: Добро е што освоивме бод, но Вардар можеше и да победи во Штип!

1022

По серијата порази, денеска во Штип конечно Вардар остана непоразен.Одигра 0:0,резултат кој искрено ретко кој го очекуваше ако се знае дека Брегалница важеше за голем фаворит.

Александар Васоски, тренерот на Вардар е (не)задоволен од ваквиот исход, а за “СпортСпорт“ кажува и зошто:

„Искрено, ако некој пред натпреварот ми понудеше 0:0 со двете раце ќе прифатев, вака останува тоа дека е добро што освоивме бод, но можевме и да победиме во Штип. Моравме барем еден од тие два зицери да реализираме. Секако дека и Брегалница имаше свои шанси, ете за за малку на крајот ќе останевме и без тој бод. Инаку јасно е дека до декември ќе биде мачење за нас, а потоа се надевам дека ќе видиме што ќе правиме.Честитки за момците кои одиграа храбро.Морам да ја пофалам Брегалница. Убаво е да играш фудбал на тој стадион, нови простории, убави соблекувални, кејф е да играш фудбал кога имаше такви услови“ заврши Васоски.

ПретходноФорест и Брентфорд си поделија по бод
СледноПрва победа на Дармштат и тоа против Вердер! (ВИДЕО)