Мурињо може да здивне: Рома ја оствари само втората победа во Серија А (ВИДЕО)

110

Конечно, малку радост и за навивачите на Рома. Во последниот меч од 7. коло во Серија А, вечерва екипата предводена од Жозе Мурињо ја оствари само втората сезонска победа во италијанската елита, откако на домашен терен славеше против Фрозиноне со 2:0.

Со голот на Ромелу Лукаку во 21. минута, римската волчица дојде до предност од 1:0 и умешно ја одржуваше во преостанатиот дел од првото и скоро комплетно второ полувреме. Обидите на гостите да направат шанса за израмнување, ги скрати Пелегрини по погодокот во 83. минута.

Со оваа победа, конечно, ќе се намали притисокот врз Мурињо, за кого деновиве се зборуваше дека може да биде следниот тренер во европските национални првенства кој може да заработи отказ.

ПретходноБез одигран меч во Портланд, Холидеј веќе се пресели во Бостон
СледноКадиз го „стресе“ Мадрид, но Атлетико се врати со пресврт до победа