Ѓорческа со скок од 30 места на ВТА ранг листата

290

Лина Ѓорческа, очекувано по освојувањето на трофејот на ИТФ трунирот во Куршумлиска бања забележа напредок на најновата ВТА ранг листа.

Најдобрата македонска тенисерска напредуваше 30 позиции, односно се најде 186-та позиција во светскиот поредок. Точно 16 места ја делат Лина Ѓорческа од најдобриот ранкинг во нејзината кариера. Таа во 2017 година се најде на 170 место на ВТА листата.

Лина по четири финалиња, вчера го освои првиот трофеј во 2023 година.

Магдалена Стоилковска истотака има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1237.то место со 8 поени. Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1475.то место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.

Оваа недела активна на тениските турнири ќе биде единствено Стоилковска која ќе настапува на фјучрс турнирот во Шибеник.

ПретходноКадиз го „стресе“ Мадрид, но Атлетико се врати со пресврт до победа
СледноПобеда му се заблагодари на Филип Мирчески