Репрезентацијата на САД се подготвува за настап на Летните Олимписки Игри во Токио. Од тренинзите на оваа селекција доаѓа интересен видео-запис.
НБА ѕвездите ги натераа легендарниот Грег Попович кој има 72 години и неговиот помошник Стив Кер да трчаат спринтеви за време на еден од тренинзите. Во кошарката златно правило е кога играчите ќе згрешат нешто како еден вид на казна се токму овие спринтеви, па се чини стручниот штаб не сторил нешто како што треба, а НБА ѕвездите покажаа дека можат да бидат лоши шефови.
Team USA coaches messed up at practice so the players made them run 🤣
via @kevinlove h/t sidelinesources/IG pic.twitter.com/lUOctJmFGo
— BasketballNews.com (@basketbllnews) July 9, 2021