Човекот кој го урна Динамо: Кој е Емир Сахити? “Меси“ од Косово и некогашниот мега – талент на Работнички!

1442

 

Емир Сахити (24) веќе втор ден е топ – тема на медиумите во Хрватска, па ако сакате и на Балканот.Тоа е играчот кој вчера, по асистенцијата на Александар Трајковски, му даде прекрасен гол на  Динамо Загреб и му донесе победа на својот Хајдук. Ја фрли “Торцида“ во транс на преполниот „По људ“, и сега е херојот на Сплит.

А кој е Емир Сахити? Што тој има врска со мак – фудбалот?

Е, има, и тоа каква. Неговиот брат Суад Сахити сега е член на Шкупи, пред 8-9 години дојдоа од Косово во Работнички, инаку и двајцата родени во Белград. Прво Суад а потоа и помалиот Емир, кој тогаш имаше во таа 2015 година само 16 години. На подготовките со Работнички во Словенија против Хајдук во пријателски натпревар, што ти е судбина, со само 16 години ја предрибла цела одбрана на “билите“, а потоа и голманот и постигна гол. И веднаш уше тогаш беше ставен во бележникот на Хајдук за потенцијален трансфер.

И тоа се случи во 2018 година, кога Работнички својот мега – талент, го продаде во Хајдук. Некои велат за “само“ 100.000 евра, а се шпекулира и за сума од само 50.000-60.000 евра. Но тоа е помалку важно.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Поважно е што во тие три години колку мина во Работнички, а тогашниот спортски дневен весник “Македонски Спорт“ го нарече “Меси “ од Косово, Емир Сахити заедно со Елиф Елмас го “носеа“ Работнички, беа атракција во мак-фудбалот.

А Виктор Треневски, кој им беше тренер едно време во Работнички, во повеќе наврати истакнуваше: „Имам злато момци, Елиф и Емир, тоа се играчи кои вредат милиони“.

Требаше да игра и за младата репрезентација на Македонија, но тоа не се оствари. Сега јасно е дека вреди милиони, се остварија зборовите на Треневски значи, исто како и за Дијамантот.

ПретходноБаскет Кам го освои второто место на балканската премиера
СледноОфицијално: Спанулис е нов селектор на Грција!