Шок за Турчинот: Реал го праќа Арда Ѓулер на позајмица!

2424

Прво ја “откачи“ Барселона иако беше се договорено, потоа замина во Реал Мадрид. Во редовите на “кралевите“ беше претставен како мега – засилување ова лето, но за само три месеци се здоби со две повреди. Се шпекулира дека Арда Ѓулер има “стаклени нозе“ и дека Реал Мадрид е преголем залак за него.

Стратегот Карло Анчелоти имаше големи планови со турскиот фудбалер кој има само 18 години. Дон Карло дури најавуваше дека Ѓулер ќе биде и стартер, но повредите си го сторија своето.

Сега нов шок за Арда Ѓулер, имено по барање на Дон Карло, Реал Мадрид во јануари ќе го прати на позајмица, нешто што секако дека на младиот офанзивен играч за врска нема воопшто да му се допадне.

ПретходноШколата на Вардар се враќа во Аеродром
СледноВаран: Манчестер Јунајтед e доволно добар за да ја освои ЛШ