ТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Куевен е најдобар кога е најпотребно

270

Шкупи е во налет, Шкупи има четити од четири, а вчера чаирчани го победија и шампионот, тимот на Струга ТЛ, во супер дербито од 9.коло. Бразилецот Куевен не само што го постигна првиот гол за својот тим туку и одигра навистина квалитетно. Бразилецот покажа дека е играч за големи мечеви, тогаш тој е најдобар кога е најпотребно.Токму затоа според „СпортСпорт“, Куевен е играч

на колото.

Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и голманот Илјази, Илиески и Воша. Тука се и Мицевски од Вардар кој играше стопер и одигра одлично против Брегалница, потоа Цаке од Шкендија, Попзлатанов од Македонија ЃП, Мазари од Работнички, Ѓорѓиевски од Силекс, како и и Потук и Атиемвен од Гостивар.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ИНАЦИО ДА СИЛВА КУЕВЕН

Тим: Шкупи

Роден: 21.11.1998 во Бразил

Кариера: Мирасол, АД Гуарилос (БРА), Керкира (ГРЦ), Монте Азул, Маринга (БРА), Шкупи

ПретходноЛисандро во „аут“ до крајот на годината
СледноВардар – Шкендија и Струга ТЛ – Силекс се играат во недела, сите други средби од 10.коло се закажани за в сабота!