Во речиси секоја прилика кога Жозе Мурињо ќе добиеше отказ во некој од големите клубови ширум светот, на негово место како замена доаѓаше Антонио Конте. Ова се случуваше доста често, а можно е да се случи повторно откако се погласни се шпекулации во Италија дека португалецот е минато на клупата на Рома. „Волчицата“ има голем резултатски но и играчки проблем на стартот од сезоната, и и е тринаесетта на табелата со осум бода од седум мечеви. Да, изминатиот викенд е забележана победа над Фросиноне, но тоа не ја намалува штетата премногу.
Па така, Антонио Конте кој во Италија веќе има титула со Јуве, со Интер, а беше и селектор, а е без работа откако си замина од Тотенхем неодамна.
Доколку Рома навистина го отпушти Мурињо, и го доведе Конте, тоа ќе биде трет пат италијанецот да ги поправа грешките на португалецот.
Прв пат тоа се случи во Челзи во сезоната 2015/16 кога Мурињо беше отпуштен, Гус Хидинг ја доврши сезоната, а вистинското решение дојде до ангажманот на Конте. Потоа, при отказот на Мурињо во Тотенхем, повторно Конте беше тој што спасуваше ситуација во ноември 2021 година.