По теркот на АБА лигата во која што веќе е востановено ова правило, од сега натаму тренерите во Евролигата ќе имаат право на два „челенџа“ на секој меч. Правилото е официјализирано пред самиот старт на сезоната кој што е закажан за в четврток. Ова правило секако се однесува на одлуките на судиите, за кои реално секогаш имало, има и ќе има поплаки и примедби.
Според новото правило, првиот „челелџ“ ќе мора да се искористи пред да започнат последните две минути од мечот. Во последните 120 секунди, можем да се искористи само еден „челенџ“.
Интересно е уште и да се напомене дека тренерите во новата сезона ќе имаат многу повеќе можност преку видео да се уверат во одлуката дали играчот е фаулиран при шут, и дали времето за напад е истечено.