Утре во 11 часот во просториите на ФФМ, селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски ќе има прес конференција по повод дуелот со Украина (14.10) во квалификациите за ЕВРО 2024. Исто така Милевски на пресот ќе го објави и списокот на фудбалери на кои ќе смета за овој натпревар кој се игра во Прага. Три дена подоцна играме пријателска средба со Ерменијаво Струмица.
По завршувањето на пресот на Милевски,селекторот на репрезентацијата до 21.година, Драган Канатлатровски ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за квалификацискиот меч со Молдавија, натпревар кој го играме на гости на 14.10.