Се чини дека фудбалот во Шпанија, поточно во Ла Лига го допре дното. Секој секого обвинува дека купувал судии, дека правел нешто што е надвор од законите. По се она што правела Барселона, сега враќаат оние кои се блиски до тој клуб.
Па така Сандро Росел, екс претседателот на Барса го обвини јавно Флорентино Перез дека тој редовно подмитувал судии.
Сепак јавноста се дигна на нозе по зборовите на Хозе Мануел Вилјарехо, кој е обвинет во 2017 година дека е дел од мрежата на корумпирани политичари, полицајци и слично.
Инаку тој е некогашен полициски комесар:
„Флорентино Перез подмитуваше судии уште пред тоа да го прави Барселона.Но тој е недопирлив. Кој ќе се обиде да тргне против него тој веќе извршил самоубиство. Неможно е да се процесуира се она што прави Перез“ истакна Вилјарехо.
На овие негови зборови Реал Мадрид возврати со тужба до Вилјарехо.