Феникс 2010 поразен со 47 разлика на стартот на ФИБА Еврокупот

97

Екипата на Феникс 2010 година доживеа убедлив пораз на стартот на квалификациите за ФИБА Еврокупот. Скопската екипа на квалификацискиот турнир во Никозија загуби од кипарски Керванос со 107:60. Уште на стартот домашните наметнаа темпо кое гостите не можеа да го следат, а посебно беа убедливи во третата четвртина која ја добија со 40:17. Најефикасен кај Феникс беше Стивенс со 14 поени и три асистенции, Џозеф Емануел Rajс реализираше 11, Бојан Трајковски 9…
Следниот меч на Феникс е против Рошток Сивулвс од Германија. Само првопласираниот тим од турнирот обезбедува пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот.

Претходно„Најголемата лага што сум ја кажал е дека Меси е најдобриот фудбалер на светот“
СледноТренерот на Лајпциг: Освен добра игра потребна е и среќа против Манчестер Сити