Македонската женска ракометна репрезентација во недела ги започнува мини-подготовките за претстојната ЕХФ недела во која ќе одигра два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство 2024 година.
Избраничките на селекторот, Кристијан Грчевски на домашен терен (11.10) ја пречекуваат репрезентацијата на Азербејџан на домашен терен (мала сала „Јане Сандански), а од оваа средба ќе има директен пренос на МТВ.
Во рамките на оваа ЕХФ недела, Македонија ќе ги одмери и силите со Литванија, дуелот се игра во Вилнус на 15. октомври.
За постетување, нашата репрезентација е во групата 5, во која се наоѓа и Шпанија.
Следното Европско првенство ќе се одржи во три држави: Австрија , Унгарија и Швајцарија.