Подолски претставен пред 20.000 навивачи на Горник

299

Германскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Лукас Подолски, на 36 години проајде нов клуб. И тоа не било каков туку во неговата родна Полска.

Тој е дете на имигранти кои од оваа земја во осумдесеттите заминале во Германија, и Подолски своевремено можеше да бира за кого ќе игра. Ја одбра Германија, а сега за прв пат преку потписот за тимот на Горник има фудбалска конекција со земјата каде што е роден.

На промоцијата на новиот клуб, навивачите му приредија фантастичен пречек. Преку 20.000 навивачи на клубот пристигнаа да го поздрават нормално најголемото име кое некогаш потпишало за нивниот тим, а Подолски изјави дека е пресреќен што ова му се случува.

 

ПретходноНа Вембли утре сепак ќе има и Италијани
СледноНајтрофејниот ја стартуваше мисијата „кам бек во прва лига“