Вардар лесно до „пет од пет“

129

Вардар 1961 дојде до петата победа во низа во Супер-лигата, на домашен терен ја оправда улогата на фаворит против Вардар Неготино совладувајќи го со 35-19 (17-9) . „Црвено-црните“ дуелот го решија по првото полувреме, во кое постигнаа 17 гола, а примија само девет. Отворија со 3-1, по 8-5 со серија од 5-1 зголемија на 13-6. Многу брзо по одморот дојдоа на плус 15 (27-12) и до крај без проблем го приведоа мечот во своја корист.

Кај домашните најефикасни беа Матија Николиќ и Ален Ќосевски со по 6 гола, a кај гостите Лазар Адамовиќ даде 9 гола. Идното коло Вардар ќе игра со Мулти Есенс, додека Вардар Неготино ќе игра дома со Бутел.

ПретходноПочина сопругата на легендарниот Сер Алекс Фергусон
СледноЕлези погоди за Вараждин во поразот од Славен Белупо