Тиквеш со жестока реакција за судењето на Качевски!

1022

Се чини дека во ова коло нашите судии и не се прославија премногу. Како прво онаа бламажата на Александар Ставрев, а по мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Шкупи, кој заврши 1:1, со жестокја реакција излезе и раководството на кавадарчани за судењето на Јован Качевски.

Реакцијата на Тиквеш ви ја пренесуваме во целост:

 “Смешно или трагично на денешниот натпревар против екипата на Фк Шкупи.

Јован Качевски заедно со неговите помошници денеска направиа катастрофално судење во дерби натпревар каде дирекно му наштетија на нашиот тим.

Во 46-та минута при контра напад на нашата екипа играчот Едиз Спахиу се најде очи во очи со противничкиот голман но од зади грб беше спречен со боречки зафат и не беше досуден чист пенал за нашата екипа а Качевски со неговите помошници при очи останаа слепи.Се прашуваме до каде води ова лудило и дали воопшто треба да се игра фудбал во оваа држава.

ПретходноЛесно му е на Реал кога го има Белингам! (ВИДЕО)
СледноЖижовиќ не е веќе максимален: Шкупи сакаше победа во Кавадарци, но мораме да бидеме задоволни и со ремито!