Тимот на Партизан не престанува да се засилува откако доби нов тренер во името на Жељко Обрадовиќ.
Во обидот да освои трофеји следната сезона, Партизан веќе ги доведе како нови играчи Кевин пантер, Зак Делеј, Алекса Аврамовиќ и Родионс Куруцс.
Сепак, најголемото име кое се најавува како нов чек на Партизан е Ед Дејвис, кошаркарот кој има единаесет годишно искуство во НБА лигата.
Тој минатата сезона играше за тимот на Минесота и имаше минорен учинок. Сепак, неговиот квалитет е неспорен во моментов и што се однесува до Партизан и конкуренцијата каде што ќе се натпреварува тој секако дека би бил огромно засилување.