Екипата на Охрид пред својата публика во „Билјанини извори“ ја совлада Академија ФМП со 82:66 за прва победа во дебитанската сезона во Првата лига.
Практично една четвртина им беше доволна на домашните кошаркари да ја реализираат планираната цел – да го победат составот од Скопје. Во првата се стекнаа „сино-белите“ со повеќе од убедливо водство, од 20. поени (30:10).
Потоа се беше полесно, макар и сето тоа изгледаше доста рамноправно против екипата во која има десет регистрирани играчи. Гостите пробуваа да не влезат во некоја, уште поголема негатива, домаќините пак, задоволни од високата позитива, и не „притискаа“ до крај.
На крајот, убедлива победа за новиот прволигаш во која Бернард се „вгради“ со 15. поени, Кимбро и Столески имаа по 14, а Волканоски и Бојовски по 10.
Кај противничката, Петровски уфрли 24. поени, Настовски имаше 16, а Иванов уште 12.