Најтрофејниот македонски фудбалски клуб има нов фудбалер. Засилување за „црвено-црните“ е Тони Стојковски, фудбалер кој е роден во Мелбурн, а досега настапувал во втората Шпанска лига во тимот на Картагена, во Црна Гора во Арсенал Тиват, како и во екипите на Пелистер и на Скопје.
,,Чест е да се биде во клуб како што е Вардар. Чест е да се биде во клуб кој има толку голема база на навивачи и славно минато.“, изјави Стојковски.
Инаку Стојковски игра на позиција десен бек.