Завршија првите полувремиња на двете последни средби од 10.коло во ПМФЛ. Во Маџари, во супер-дербито, Вардар и Шкендија играат борбено, со нагласена желба за победа,но нема голови. Треба веднаш да кажеме дека Лемос во 19.минута имаше контакт сo Адили во казнетиот простор на Шкендија,но судијата Трпчевски не покажа на белата точка.
Вардар во 4.минута имаше одлична шанса за гол, но Цветков не го погоди празниот гол на тетовци. Во следната минута, Аганспахиќ во слична ситуација, но и тој не погоди.
Во 45+2.минута Тотре имаше зицер,но Гачевски брани.
Во Струга, со голот на Марјан Радески во 18.инута, шампионот има водство од 1:0 против Силекс.