Македонија У15 со триумф над селекцијата на Белград, Младеновски двоен стрелец

549

Македонската репрезентација до 15 години на чело со селекторот Драган Начевски деновиве беше дел од традиционалниот турнир во Зеница, БИХ, Јосип Каталински.

На истиот учевствуваа репрезентацијата на БИХ, селекција на градот Сараево, како и селекцијата на Белград од Србија.

Ние денеска извијувавме триумф над селекцијата на Белград со конечни 2:1, а двоен стрелец за нашиот состав беше Стефан Младеновски. Токму Младеновски, инаку играч на Вардар го постигна единственот гол за нас, и во поразот од БиХ во првото коло 2:1.

На крајот од турнирот ние го заземавме третото место.

ПретходноМЃП се пофали и со Димитриевски
СледноНа Вембли утре сепак ќе има и Италијани